сабота, 20 декември 2008 г.

Пипин - камион со здрава храна





















Опис на работилницата:
При реализација на работилницата беа обработени содржини од Запознавање на околината(Здрава храна) и ликовно образование. Учениците се од 2 одделение, од ОУ Живко Брајковски - Скопје. Работилницата траеше 2 наставни часа.
На почетокот учениците работе во работен лист, заокружувајќи храна која вообичаено ја земаат за доручек, ручек и вечера. Потоа ја обоиа онаа храна за која мислеа дека е здрава за организмот. Следеше дискусија и насоки за работа.
Работејќи во парови обликуваа од пластелин зеленчук,овошје, хамбургери, колачи, сладолед, торта и сл.
Се поделија во две групи и заеднички составија нацрт и алгоритам на движењето на ПИПИН. Камионот беше прицврстен за роботот.
На крај при движењето на роботот - камионот на Здрава храна, учениците ставаа модели од здрава храна во камионот, а другите модели од храна останаа надвор.
Следеа заклучни согледувања:
  • разликуваа здрава храна од храна штетна за организмот,
  • која храна секој ден треба да се зема
  • треба да се зема разновидна исхрана....... (запознавање на околината)
  • синтеза на знаењата за моделирање со пластелин, што чувсвуваа додека работеа, какви форми обликуваа, дали се задоволни од творбите......(ликовно образование)

Нема коментари:

Објави коментар