сабота, 20 декември 2008 г.

Пипин - Дедо Мраз дели подароци





































Работилницата е реализирана со ученици од 3 одделение од ОУ Живко Брајковски - Скопје.
Интеграција на содржини од мајчин јазик, музичко образование и математика.
Време: 2 -3 наставни часа ( 100 минути)
Опис на работилницата:
Учениците одговараат на прашања за Нова година (претходни знаења)
Што прави Дедо Мраз? (од каде доаѓа, што носи, како е облечен...)

Насоки за работа:
Секоја група ја чита приказната подготвена на претходниот час и прави проект за нејзино интерпретирање со помош на Пипин
УЧЕНИЦИТЕ:
- Прават макета на улица со објекти
- Ги распоредуваат објектите
- Прават алгоритам на движење на Пипин - ДЕДО МРАЗ
- Обиди и активирање да одсвири песна Ѕвонат ѕвончиња
- Финална верзија на алгоритмот
- Финално пуштање на Дедо Мраз пред другите

Што се очекуваше од учениците:
-да ги применат знаењата за броеви и операции
-да го зајакнат разбирањето на единици мерки за должина
-применат знаења за креирање на убави нешта ( честитки, поклони, пеење песни)
- развива способностите за креирање сценарио
- знаат за празниците
- да ги зајакнат вештините за тимска работа

Нема коментари:

Објави коментар