сабота, 20 декември 2008 г.

Пипин - Црвенкапа во шума














































Работилницата интегрираше содржини од македонски јазик, запознавање на околината и ликовно образование. Часот се реализираше во ОУ Живко Брајковски - Скопје, со ученици од 2 одделение. Време на траење: 110 минути ( 2 - 3 наставни часа)
Што постигнаа учениците:
- креираа поинаков крај на приказната и истото да го презентираат
- применија знаењата за диви животни
-го зајакнаа разбирањето на содржината на приказната за Црвенкапа
- креираа изменет крај на приказната (логички активности)
- зајакнаа вештините на тимска работа и работа во групи
- да ги развијат способностите за критичко мислење
- примениа знаењата од обликување преку спојување, градење и конструирање со помош на разни форми и материјали
- да ги развијат вештинте за користење на манипулативни средства
Учениците ја следеа презентацијата за диви животни и коментираат користејќи ги стекнатите знаења за нив (претходни знаења, бура на идеи)
Раскажување на приказната за Црвенкапа и волкот или поттикнувачки прашања
- Кои се главните ликови?
- Што се случило во шумата?
- Што станало на крај?
- Може ли да измислите поинаков крај?
Опис на работилницата:
Учениците се запознаваат со активноста:
Дали може да има поинаков крај? Размислете и креирајте друг крај, работејќи во групи. Презентирјте го крајот во вид на драматизација.
Секоја група ја изведува драматизација и прави план за нејзино интерпретирање со помош на ПИПИН
Учениците:
Прават шема и макета на шума со диви животни
Ги распоредуваат објектите
Прават алгоритам на движење на Црвенкапа низ шумата (пипин)
Ја активираат Црвенкапа (роботот Пипин)
Финална верзија на алгоритам
Финално пуштање на Црвенкапа пред другите групи

Употреба на ИКТ
- следење на PPT - презентација на диви животни
- робот Пипин: ги утврдуваат основните движења напред, назад, свртување под прав агол -лево, десно.
Што се користеше од материјали:

PIPPIN, хартија, лепак, фломастери, ножици, хартија во боја,
готови апликации на (Црвенкапа, волк, старица,
жена, куќа),
сликовница
Што се следеше и оценуваше?

Тимска работа
Квалитет на извршените задачи
Логична поврзаност на настаните во приказната
Активно учество на секој од групата
Формирање на целосни и логични реченици
Предлог на можни други активности:
PIPPIN е Снежана
PIPPIN е зајак
PIPPIN е еж

1 коментар:

  1. Bravo za inventivnosta i kreativnosta sto ja vlozivte vo ovoj proekt. I so istiot mnogu gi izraduvavte decata.
    I nie kako roditeli sme mnogu zadovolni od vas.
    Pozdrav.

    ОдговориИзбриши